Започна исплатата на јануарските пензии

- Македонија
479

Денеска започна исплатата на јануарските пензии.

 Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите почнувајќи од најниските до 11.000 денари.

• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата е денеска , 30.01.2023 година (понеделник);
•  пензии со висина 11.001-14.000 денари, ќе се исплаќаат утре,  31.01.2023 година (вторник);
• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
• за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата ќе се изврши на 02.02.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од денескa.

Facebook Коментари