Амбасадорката на САД и градоначалникот Мерко повторно го отворија Американското катче во Струга

- Локални
699
Американското катче беше свечено отворено во новите простории, повторно во рамките на сега новиот објект на општината, каде лентата од оваа церемонија ја пресече Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција почитувана госпоѓа Ејнџела Агелер и Градоначалникот на Општина Струга г-дин Рамис Мерко.
Американското катче беше отворено во 2010 година, од градоначалникот Рамис Мерко во неговиот втор мандат како градоначалник, со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Американската амбасада, како многу вреден подарок, во вистинско време и место.
-Формирањето на Американското катче во Струга и неуморната работа низ сите овие години влијаеше и понатаму влијае многу позитивно врз младите стружани, бидејќи тие секојдневно имаат можност да стекнат искуство или неформално образование, не само заради познавањето на англискиот јазик, туку и поради дружењето, меѓусебното запознавање, истакнувањето на различните идеи, дијалогот и демократските дискусии.-велат од Општина Струга.
Општина Струга на чело со градоначалникот на општината г-дин Рамис Мерко изразува особена почит кон Соединетите Американски Држави, но и кон сите млади на Струга и на целиот свет.
Strugaonline

Facebook Коментари