Владата го одобри склучувањето на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, вклучувајќи го и автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан

- Локални, Македонија
605
Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот Bechtel и Enka, предвидено за денеска, 08.03.2023 година. Со тоа, ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Северна Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата.

Facebook Коментари