Традиционално одбележан 8 март
И оваа година, како сите други изминати, во чест на празникот 8 март – Меѓународниот Ден на жените, пензионерките од Струга, во весела атмосфера го одбележаа и прославија во хотелот „Амбасадор“.

Во присуство на 50 пензионерки и пензионери, претседателот на здружението Милорад Трпоски, им го честиташе празникот на дамите од третата доба и посакувајќи им добро здравје, долг живот, среќа и активни пензионерски денови и повторни средби во наредните години.
Што се однесува до годинашнава програма за работа на Активот на пензионерки при ЗП Струга, програмирани се многу активности од повеќе сфери, а посебен акцент е ставен на овогодишните интензивни подготовки за настап на регионалната ревија на песни, музика и гри. За сите планирани активности во текот на оваа календарска година Здружението финансиски ќе го поддржи Активот, како и празникот 8 март.
Во прекрасниот амбиен и добро расположение, придружени со музика во живо, пензионерките поминаа уште еден незаборавен ден. Весели, разиграни и рапеани во ведро расположение беа неуморните играорци, а на оркестарот им се придружија неколку пензионерки, кои ја вжештија атмосферата со свој настап.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

