ФК Караорман во недела на домашен терен игра со екипата на Кожув
Во рамки на Втората фудбалска лига, екипата на Караорман во недела на домашен терен игра со екипата на Кожув.

Натпреварот е закажан за во 15:00 часот и ќе се игра на фудбалскиот стадион ,,Караорман“.

Навивачката група ,,Паткари“ ги повикува сите на стадион, како што велат, уште еднаш да докажеме дека Струга е спортски град.
