Во организација на Здружението за грижа за лица со посебни потреби „КФДК“-Струга, во соработка со Здружението „ОРТУС” поддржани од Општина Струга, денеска во Струга беше одбележан Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром.
Целта на настанот, според Еди Кела од здружението за грижа на лица со посебни потреби „KФДК“ е подигање на јавната свест и лицата со Даунов синдром да го најдат заслуженото место во општеството.
,,Ниту дождот не можеше да не спречи да ја испратиме пораката од Струга и да се приклучиме кон мотото „Со нас, не за нас“. Да ја подигнеме јавната свест и да кажеме „Не се тие, туку сме сите заедно“. Време е за вистинска инклузија и денеска сме тука да испратиме силна порака дека тие се дел од нас и мора вистински да работиме да бидат дел од општеството и да си го најдат заслуженото место, рече Кела.
Во рамки на настанот имаше мини саем со ракотворби и сувенири изработени од децата од здруженијата „ОРТУС“ и „КФДК“, како и забавна програма.
Facebook Коментари