Кривична пријава заработи стружанец кој агресивно се однесувал кон полициски службеници

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(59) од Струга. Тој, на 10.02.2023 на улица „Ристо Крле“ во Струга го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
Извор: СВР Охрид

