Промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од Бранка Дувњак и Славица Галиќ во сабота во Охрид

- Локални
434
Во сабота во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00 часот ќе се одржи  промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ, во издание на реномирана издавачка куќа „Медицинска нaклaдa“ од Загреб, Хрватска.
,,Ова е книга за школата за медицински сестри Млинарска во Загреб – прва во земјата во тоа време, за годините на нивното образование, за професионалната пракса на загрепските клиники, за медицинските сестри воопшто. Според нејзината програма, во 1921 година биле отворени медицински школи и во други центри на земјата, меѓу кои и школа за медицински сестри во Скопје.,,-информираат од Црвен крст-Охрид кои се организатори на промоцијата.
Книгата сведочи за една младост од 70-те години на 20-от век, за нивните соништа и стремежи, за љубовта, музиката која ја слушале, филмовите кои ги гледале…
Книгата содржи 34 приказни, кои прават една целина, а го опишуваат времето на школување во училиштетео на Млинарска 34 (па затоа и 34 приказни), во периодот од 1972/1976 година.
,,Тука се испреплетени приказните од дружбите во училиште, годишнините од матурата, како и некои од размислувања на тогашните генерации за сестринството и здравството воопшто.
Оваа книга е доказ дека некогаш и мал спомен може да поттикне многу сеќавања. Меѓу сеќавањате во книгата се вткаени прекрасните впечатоци од матурската екскурзија во Охрид во 1975 г. и посетата на други градови во Македонија, а како додаток, во содржината е опишана и репризата на матурската екскурзија повторно одење во Охрид, во 2016 г. по повод 40 годишнината од матурата и матурската екскурзија.,,-додаваат од охридскиот Црвен крст.
Додаваат дека ова е единствена можност да ги запознаете медицинските сестри од Хрватска, генерација 1972-1976 и да ги слушнете нивните искуства и визии за сестринството и сестринската нега, но и нивните впечатоци од Охрид и Македонија, тогаш и сега.
Настанот го  организира Црвен крст Охрид, во соработка со Културно Информативниот Центар на Северна Македонија во Загреб, Хрватска и Oпштина Охрид.

Facebook Коментари