Maнифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ годинава ќе го прослави 35. јубилеј, изданието ќе биде посветено на поетесите

- Локални
356

Манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ во август годинава ќе го прослави својот 35. јубилеј,  а ова јубилејно издание ќе биде посветено на поетесите.

-За таа цел, подготвуваме и една поопширна панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес, насловена како „Самодиви“. Приредувачи се Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, а сликата и дизајнот на корицата е дело на Никола Пијанманов, информираат организаторите.

Изданието ќе биде промовирано на отворањето на годинешната 35. „Поетска ноќ во Велестово“, на 18-ти август 2023 година.

Facebook Коментари