
На 10.04.2023 година во 01.15 часот, на улицата „ЈНА” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон полициските службеници, извршено од С.Р.(71) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож по што е приведен во полициската станица. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.04.2023 година во 01.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, покрај крајбрежието на Охридското езеро, околу патека која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(32) и Д.Р.(21), двајцата од струшкото село Долна Белица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов”. При контрола извршена на 18.01.2023 година, во месноста „Бегова шума”, атар на селото Делогожда, полициските службеници ги затекнале пријавените при незаконит лов и во патнички автомобил со кој се превезувале, пронашле пушка марка „Гама” и уловено диво животно.
Извор: СВР Охрид, фото: Архива
StrugaOnline
Facebook Коментари