Лев банер Десен банер

РК Струга победничката серија ја продолжи во Куманово

Ракометарите на РК Струга нижат победи во борбата за опстанок во Супер лигата.

Нашите ракометари вчера славеа на гостински терен кај тимот на Куманово со резултат  28-25, а на крајот на првото полувреме беше 13:9.

Вистинска sвезда на натпреварот беше Петар Маркоски кој постигна 12 погодоци, кај Куманово најефикасен беше Владан Кастратовиќ со шест гола.

Струга во претходните четири дуели во плеј-аут фазата славеше над Вардар Неготино, Радовиш, Јуниор КВ и Скопје.

Strugaonline

error: