Во Струга успешно организиран велигденски натпревар со јајца
Во весела атмосфера и со избор на најјакото велигденскио јајце, во успешна организација на Активот на пензионерките од Струга, а го реализираа вредните и креативните околу 50 – тина пензионерки, на 20 април 2023 година, првиот четврток по Велигден, еден ден пред Источен Петок, во салата на Клубот на пензионери се одржа традиционалната манифестација за избор на најјако велигденско јајце. На манифестацијата покрај пензионерките како гости учество зедоа и жените од општински одбор на Црвен крст од Струга.

Манифестацијата е отвори Елисавета Лазароска, претседател на Активот на пензионерки при ЗП Струга, која честитајќи им ги велигденските празници на сите присутни им упати најсреќни желби за добро здравје и долг и среќен живот, кои заедно ја исполнија песната Христос Воскресе.
Придружувајќи се кон честитките претседателот на ЗП Струга, Милорад Трпоски, говореше за традициите и обичаите и се осврна на постигањето на Здружението во остварувањето на усвоените програмски задачи, а ги најави и активностите во врска со пензионерските регионални ревии на песна, музика и игра кои ќе се одржат на 16 мај во Гостивар и регионалните спортски натпревари.

Манифестацијата не беше од натпреварувачки карактер, кршењето со велигденск јајце, да биде со симболични награди. Со презентирањето на велигденските јајца, ќе се зачува традицијата за Велигден.
На крајот за најјако велигденско јајце со аплауз и пригодни подароци беше прогласено и наградена пензионеркат Павлина Кузманоска.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

