Во петок во Охрид реприза на претставата „Несфатената цивилизација“

- Локални
426

Вo петок, 28-ми април репризно ќе биде изведена најновата претстава на Народен театар Охрид, гротескна комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников.

Режисер на претставата е Софија Ристеска Петрушева, а во неа играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Билетите се продаваат по цена од 250 денари. Почетокот на претставата е закажан за во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Facebook Коментари