Охридска премиера на филмот ,,Преекспонирано” на 10-ти и 11-ти мај

- Локални
304
,,Преекспонирано”, првиот игран филм на Елеонора Венинова, ќе ја има охридската премиера во НУЦК Григор Прличев-Охрид на 10 мај (среда) и 11 мај (четврток) 2023 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.
,,Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.“-стои во описот на кратката содржина на филмот.
Азиската премиера беше на фестивалот во Пуне (Индија) во февруари, а следниот фестивалски настап ќе го има на КинЕст фест во Катанија, Италија.
Венинова е режисерка и сценаристка на филмот во кој улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката ја напиша Линдзи Рајт, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, монтажата на Гоце Кралевски, а костимите на Жаклина Крстевска. Продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцентка Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за филм, Српски филмски центар и Еуримаж.
Strugaonline

Facebook Коментари