Вo петок, 12-ти мај во Центар за култура Григор Прличев во Охрид повторно ќе биде изведена најновата претстава на Народен театар Охрид, гротескна комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников.
Режисер на претставата е Софија Ристеска Петрушева, а во неа играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Билетите се продаваат по цена од 250 денари. Почетокот на претставата е закажан за 20:00 часот.
Facebook Коментари