Во Швајцарија почит се искажува со точност – доцнењето е голема навреда

- Свет
1309

 

Културата на живеење во одредени земји е многу поразлична од нашата. Пример за тоа е Швајцарија. Жителите на Швајцарија преку точноста искажуваат почит кон своите пријатели и колеги. Не се знае со сигурност од каде доаѓа овој менталитет на беспрекорна точност, но едно од тврдењата е дека во далечното минато, Швајцарците за да си обезбедат храна морале да бидат многу прецизни во извршување на земјоделските работи за да добијат голема плодна жетва. Според овој податок, ваквата навика им останала на Швајцарците и во современото живеење. Многу луѓе кои престојуваат во Швајцарија, а потекнуваат од други земји со доцнењето несвесно ги навредуваат Швајцарците. Затоа, доколку патувате во оваа земја имајте го овој податок на ум, освен покасно, на договорената средба не одете ниту порано. Прецизноста е многу важна.

 

 

Facebook Коментари