За најмладата публика ново издание на фестивалот „Распеано рибарче“ во Охрид

- Локални
969

Деветнаесеттото издание на фестивалот за детски песни „Распеано рибарче“ ќе се одржи од 3ти до 5-ти мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На фестивалот ќе бидат изведени 13 детски композиции кои по завршувањето на фестивалот ќе се најдат на ДВД издание.

Главната фестивалска вечер која ќе биде отворена за публиката, ќе се одржи во петок од 19 часот, а претходните два дена фестивалот ќе имаат можност да го проследат учениците од сите основни училишта од Охрид и околината.

Покровител на фестивалот  е Општина Охрид.

Facebook Коментари