Лев банер Десен банер

На „Ќафасан“ спречен обид за криумчарење на 620 парчиња електронски цигари

Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан на влез во државата спречија обид за криумчарење на 620 парчиња електронски цигари.
-Стоката е откриена во патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин и еден сопатник, исто така македонски државјанин, кое поради основано сомневање е селектирано за детален преглед. При контролата, сокриени на различни места во возилото се пронајдени 62 кутии со по 10 парчиња електронски цигари, кои лицата не ги пријавиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока со вкупна вредност од 675 илјади денари, за која е избегнато плаќање на давачки од 104 илјади денари.- информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Стоката е привремено задржана, а против лицата се поднесени прекршочни пријави.

error: