На 26-ти мај 2023 година, во 01:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Кленоец“ во Охрид, две лица се обиделе со употреба на сила да влезат во патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 44-годишниот Г.К. од Охрид и притоа го оштетиле.
– Се преземаат мерки за расчситување на настанот, информираат од СВР Охрид.
На 25-ти мај 2023 година, во 11:30 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид, Л.К. од Струга, физички ја нападнала 48-годишната И.З., од Охрид.
– Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 25-ти мај 2023 година, во 15:30 часот, во СВР Охрид приведени се 39-годишниот В.Б. од Охрид и 73-годишниот М.А. од Белчишта, општина Дебрца.
Тие, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување поради недоразбирање околу паркинг место, а потоа не ги почитувале наредбите од полициските службеници. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 25-ти мај 2023 година, во 18:40 часот, во СВР Охрид е лишен од слобода 53-годишниот Ж.З. од Охрид кој претходно, во семејниот дом во Охрид бил агресивен кон родителите и се обидел физички да ги нападне.
– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари