Издавачката куќа „Блесок“ објави повик за доделување награда за најдобра необјавена стихозбирка „Игор Исаковски“. Наградата го носи името на основачот на „Блесок“, поетот Игор Исаковски кој остави неизбришливи траги во македонската поезија, а прерано почина во 2014 година. Во целост ви ја пренесуваме објавата на „Блесок“:
Награда за најдобра необјавена дебитантска стихозбирка „Игор Исаковски“
-Со желба да го промовира пишувањето поезија на македонски јазик кај помладите генерации и да го чествува името на својот основач, културната установа „Блесок“ со задоволство го објавува првиот повик за доделување на наградата за најдобра необјавена стихозбирка „Игор Исаковски“:
Пропозициите на конкурсот се следниве:
– Доставените текстови треба да бидат напишани во стихови, на македонски литературен јазик;
– Текстовите треба да бидат напишани со кирилична поддршка и да содржат минимум 500, а максимум 1.000 стиха;
– Авторите на текстовите не треба да имаат претходно издадени авторски книги, а во текот на 2017 година не треба да наполнат повеќе од 21 година;
– Песните во доставените текстови не треба да бидат претходно објавувани во печатена форма, а по исклучок можат да бидат објавувани по социјалните мрежи;
– Освен текстот на стихозбирката, авторите треба да достават и куса биографија.
Текстовите треба да се доставуваат електронски, на [email protected], во периодот од 10 мај до 25 август 2017 година. За наградата ќе одлучува жири составено од членови на редакцијата на „Блесок“ и надворешни членови кои се познавачи и вљубеници во поезијата. Одлуката за наградата ќе биде објавена до 10 септември 2017 година.
Наградата не е парична. „Блесок“ ќе ја објави наградената збирка и ќе организира промоција на роденденот на Игор Исаковски, 19 септември 2017 година.
Игор Исаковски (1970 – 2014), поет, прозаист, уредник, преведувач. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Тој е основач на Културната установа Блесок. (www.blesok.mk), каде што работеше како главен и одговорен уредник од 1998 година до неговата смрт. Објавил повеќе книги поезија, и уредил четири антологии. Преведувал поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-ц
Facebook Коментари