Започна исплатата на мајските пензии

- Македонија
523

Започна исплатата на пензиите за месец мај.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата  се врши  денеска , 29.05.2023 година (понеделник);
•  пензии со висина 11.001-14.000 денари се исплаќаат утре  30.05.2023 година (вторник);
• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
• за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата ќе се изврши на 01.06.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од денеска.

Facebook Коментари