Започнува постапката за донесување на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

- Локални
675

Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата.

,,Донесувањето на Законот произлезе од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна Македонија како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики.“-соопштија од Министерството.

Додаваат дека нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата наскоро ќе биде објавен на порталот на www.ener.gov.mk

За датумот на одржување на јавната расправа, јавноста ќе биде навремено информирана.

Strugaonline

 

Facebook Коментари