СВР Охрид: Сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо“ ќе се одвива по стариот пат Охрид-Струга и кај Подмљје кон Охрид

- Локални
375

СВР Охрид, презема соодветни мерки за безбедно одвивање на чествувањатa на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

-Со оглед на градежните активности на автопатската делница кон Охрид кои моментно се изведуваат,  сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо“ ќе се одвива по стариот пат Охрид-Струга и кај Подмљје, кон Охрид, ќе биде дозволен пристап со возила до манастирскиот комплекс каде, ќе биде можно паркирање од двете страни на коловозот. Напуштањето на комплексот ќе биде кон Подмољје и потоа по стариот пат Охрид-Струга. За таа цел, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе вршат физичко и пунктовско обезбедување на предвидената траса а целта е безбеден сообраќај и избегнување на незгоди и други проблеми во сообраќајот.-стои во соопштението од СВР Охрид.

Од секторот, апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на предвидениот патен правец.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари