Ковачески и Митрески утре во Струга на средба со граѓани

Во рамките на кампањата „Рамо до рамо, до победа“, во Струга гостин ќе биде претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, а ќе се обрати и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески. Средбата со граѓани ќе се одржи на 16.06.2023 (петок), со почеток во 18.00 часот на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.
Граѓаните ќе имаат можност од претседателот да слушнат за актуелните политички состојби, да поразговараат со претседателот, да го информираат и да постават прашања.

