Од 24-ти јуни до 9-ти јули во ресторанот „Виа Игнација“, во Вевчани ќе се одржи дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“ .
Најавено е учество на над дваесеттина афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.
,,Свеченото отворање на Колонијата е закажано за 24 јуни од 20:00 часот. Програмата ќе започне во со свечен прием на гостите, поздравни обраќања на организаторот и уметник учесник на колонијата, а потоа ќе следи стендап шоу на неповторливиот Сашко Коцев како и концертна програма на Македонските легенди – Калиопи и Владо Јаневски. -информираат од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“.
Додаваат дека во рамки на колонијата ќе се одржи втората по ред детска ликовна школа.
,, Со почеток на 03 јули, понеделник, летната школа ќе трае една недела, во паркот на Ресторанот Виа Игнација – Вевчани, а ќе ја водат учесниците на ликовната колонија. Учеството ќе биде бесплатно, а организаторите ќе ги обезбедат сите потребни матерјали и услови за творење и развивање на креативно учење на нашите дечиња. Учесниците ќе бидат поделени во неколку групи во зависност од возраста, а дневно ќе имаат работилница и кратка пауза во времетраење од 60минути.“- стои во соопштението од Меѓународната ликовна колонија.
Сите заинтересирани за детската ликовна школа можат да се пријават на следниов ЛИНК
Strugaonline
Facebook Коментари