Две репризи на претставата ,,Сергеј е многу глупав“ во Охрид

- Локални
480

Во Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид  следуваат две репризи на претставата ,,Сергеј е многу глупав“ во режија на Дејана Николовска, во сабота 24.06.2023 и вторник. 27.06.2023 година, со почеток во 20.00 часот.

,,Во претставата „Сергеј е многу глупав” се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент
па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?.“ – стои во описот на содржината.

Автор на претставата е Дмитриј Данилов. Играат актерите Никола Тодороски,  Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Билети можете да набавите на билетарата при Центар за култура ,,Григор Прличев“  по цена од 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари