Ракометната школа-Струга во петок ќе одржи ,,Отворен ден на ракометот“

- Локални, Спорт
520
Ракометната школа Струга организира ,,Отворен ден на ракометот“ на кој ќе учествуваат сите деца активни членови во  школата, а поканети се сите родители, роднини и пријатели, заинтересирани идни членови, поддржувачи, помагатели и симпатизери.
Отворениот ракометен ден ќе се одржи во петок, 23-ти јуни во период од 16:00 до 19:00 часот на отвореното игралиште во СОУ ,,Ибрахим Темо“
Со оваа активност, Ракометната школа Струга слави шест години постоење, а минатата година јубилејот пет години постоење го прославија во Авто-кампот Ливадишта.
Strugaonline

 

Facebook Коментари