Во понеделник во Струга ќе се игра првата професионална претстава на македонски знаковен јазик

- Локални
464
Прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност, ќе се одигра во НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 26-ти јуни (понеделник), со почеток во 20.00 часот.
,,Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница.“-стои во описот на претставата.
Претставата е во режија на  Јован Ристовски, драматург е Билјана Крајчевска.
Играат Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.
Strugaonline

Facebook Коментари