Лев банер Десен банер

Струшките пензионери освоија две први места на 27-те Регионални спортски натпревари во Македонски Брод

Во рекреативниот центар „Пешта“ во Македонски Брод се одржаа 27-те Регионални спортски натпревари. Учесници беа од ЗП Охрид и Дебрца, ЗП Струга, ЗП Дебар и центар Жупа, ЗП Кичево, ЗП Вевчани, ЗП Лабуништа и домаќинот ЗП Македонски Брод, а се натпреваруваа во 11 дисциплини.

На учесниците и другите присутни добредојде и успех на натпреварите им посака претседателот на ЗП Македонски Брод Венко Ристески, а посебен поздрав упати до претседателот на СЗПМ Станка Трајкова, до градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески.

Претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, ги поздрави присутните, посебно истакнувајќи ги активностите на пензионерите и нивното дружење и им посака успех и Регионалните спортски натпревари ги прогласи за отворени.

Здружението на пензионери од Струга, кое зеде учество во сите дисциплин и освои две први места во категоријата мажи фрлање на кош и жени шутирање на мали голчиња.

На најдобрите екипи и поединци им се доделија дипломи, а на сите Здруженија на пензионери благодарници за учество. Со оро и песна заврши заедничкото спортско дружење.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: