Од денеска нов режим на сообраќај на патот Струга-Дебар

- Локални
430

Oд денеска започнуваат градежните активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар.

Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково.

– Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8-ми јули 2023 година, информираат од АМСМ.

Facebook Коментари