Се реконструира патот во село Мороишта

- Локални
1018

Со проектот за реконструкција на локалниот пат во село Мороишта реализиран преку Министерството за транспорт и врски предвидена е реконструкција на 2,5 км пат со широчина од 5м. Трасата на патот се простира од регионалниот пат Р2243 (Струга-Драслајца), низ центарот па се до крајот на селото кај црквата Св.Спас.

,,Поради тоа што претходно постојниот коловоз беше комплетно деградиран, без решено одводнување, без патека и банкини се реализира овој проект. Со реконструкцијата се предвидува изработка на нов горен тампонски слој со дебелина околу 30цм ширина на планумот од 9м, како и нова асфалтна постелка со широчина од 5м, одводнување, коловоз и банкини во должина од 2,5 км. -информираат од Министерството за транспорт и врски.

Додаваат дека е предвидена и изградба на пешачка патека која води од десната страна на патот од почеток на селото и води низ центарот се до основното училиште во с.Мороишта. Должината на патеката изнесува околу 2,2 км. Каналите за одводнување ќе бидат изработени од бетонски елементи со ширина од 0,5м. Предвидената вредност на инвестицијата е во висина од 44 милиони денари.

Според најавите, реконструкцијата ќе заврши во септември.

Проектот се реализира преку Министертвото за транспорт и врски -Проект за поврзување на локалните патишта со финансирање од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Strugaonline

Facebook Коментари