Лев банер Десен банер

Пијанистот Бобан Мирковски концертно ќе го промовира неговиот проект ,,Албум“ во Охрид

Врвниот македонски пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „Албум“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано.
На магичниот амбинет на Долни Сарај, со небо од ѕвезди, во пијано изведба ќе ги слушнеме најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001 година од најпознатите композитори меѓу кои Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Григор Копров, Влатко Стефановски, Кире Костов, Љупчо Мирковски, Димитар Масевски, Ванчо Димитров, Калиопи Букле, Дарио Панковски, Александар Митевски.
Магијата ќе ја надополнат извонредните изведби на Агни Авшар и Ања Митиќ како специјални гости на концертот што ќе се одржи на 5-ти август.
Влезниците се пуштени во продажба онлајн на следниов ЛИНК  
Strugaonline

error: