Билтен на СВР Охрид за 23-ти јули

- Локални
582
На 23.07.2023 околу 16.00 часот, во СВР Охрид, пријавено е дека, пред угостителски објект кај охридското село Долно Коњско едно лице физички го нападнало Т.Т.(55) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.07.2023 околу 18.00 часот во близина на плажа на брегот на Охридското езеро,  полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.М.(42) од Скопје. Тој заедно со А.Ф. од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз Б.Р.(41) од Охрид. По целосно расчистување на случајот против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари