Билтен на СВР Охрид за 25-ти јули

- Локални
414

На 25.07.2023 во 03.20 часот во ОВР Струга, во угостителски објект на улица „Маршал Тито” во Струга, неколку лица физички ги нападнале Б.Л.(22) од струшкото село Шум и Д.С.(25) од селото Франгово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2023 во 00.15 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека на 24.07.2023 околу 22 часот, Б.Љ.(21) и Н.Љ.(20) од селото Октиси биле нападнати од неколку лица. По целосно расчистување на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари