Пожар кај бараките во близина на црквата ,,Света Петка“ во Струга

- Локални
3626

Раново утринава околу 3:00 часот, во Територијалната противпожарна едница-Струга било пријавено дека е настанат пожар кај бараките во близина на црквата ,,Света Петка“ во Струга.

-Изгорени се околу 70% од објектите на споменатата локација, нема жртви ниту повредени лица. Во акцијата за гаснење на пожарот ТППЕ Струга интервенираше со десет пожарникари и четири противпожарни возила. Сеуште се врши увид на местото на настанот.“-информираа од ТППЕ Струга за Strugaonline.

Детали за пожарот се очекуваат после завршување на увидот од страна на релевантните институции.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари