Во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ од Струга, во соработка со Ватерполо репрезентација на Македонија, како и со учество на сите други спортски клубови, спортисти, ентузијасти, професионалци и аматери, со поддршка и помош од Црвен крст – Струга, и пред сѐ, со несебична помош на спонзорите, помагачи и пријатели, на 2 август во Струга ќе се одржи второто издание на Спортскиот фестивал „Илинден“ 2023. Концептот на спортските активности за второто издание на фестивалот опфаќа организација на разни спортски натпреварувања на вода, а деталите ги дознавме од Коста Хиохи, претседател на спортскиот клуб ,,Соларис“. Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк.
Извор и фото: Play radio
Facebook Коментари