Лев банер Десен банер

Мезе-бар Кингстон денеска го слави 12-от роденден

Мезе-бар Кингстон денеска слави дванаесет години постоење. Со убава визија за опуштено кафуле од типот на ,,Калабалак“, оваа успешна приказна покрај кејот на реката Црн Дрим започна во 2011 година и спонтано изгради автентична традиција. Сопственикот, Александар Голабоски-Сале, вели дека воопшто не очекувал дека ,,Кингстон“ ќе опстане толку долго.

,,Имав убава визија, но навистина мислев дека постоењето на Кингстон ќе трае пократко. Се чини дека сепак спонтаноста, посветеноста, волјата и трпението се формулата за успех. Посебни сме по тоа што негуваме урбана култура која гостите ја препознаваат. Првите пет-шест години во ,,Кингстон“ настапуваа бендови, поминаа значајни имиња од домашната сцена, но морам да кажам дека бевме и визионери. Кај нас пред неколку години свој настап имаше групата ,,Кадавар“ од Берлин, бенд кој сега има светска популарност. Сега сме фокусирани на диџеи“- вели Сале.

Во Кингстон доаѓаат луѓе од различни генерации, последниве години можеме да забележиме млади генерации кои сега почнуваат да излегуваат и за своите први ноќни забави и кафе- дружби го избраа токму Мезебар ,,Кингстон“.

Роденденската журка ќе се одржи вечерва со почеток во 21:00 часот, а за добрата забава ќе се погрижи реномираниот диџеј Костадин Шурбаноски-Шурбе.

Кингстон и понатаму ќе биде урбано место за кафе-дружби и ноќни забави.

Strugaonline

error: