Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП ќе биде прогласен во понеделник во Струга

- Локални
430

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“   за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува  НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде прогласен на 31.07.2023 г. (понеделник) на прес-конференција со почеток во 11:30 часот во Струга. На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

Инаку, првично беше најавено дека  прес-конференцијата за соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ќе се одржи на 28.07.2023 (петок) во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, но, од СВП информираат дека е променет датумот и локација на прес-конференцијата и дека истата  се одложува за 31.07.2023 г. (понеделник) во 11:30 ч. во Струга.

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови. НУМ „Струшки вечери на поезијата“ им се заблагодарува на сите автори и издавачи што конкурираа за наградата.

Strugaonline

Facebook Коментари