Кристина Арнаудова после одредена музичка пауза, со нова песна

- Музика
1444

Кристина Арнаудова после одредена музичка пауза бидејќи беше посветена на работата во здружението „Проект Среќа“, деновиве пушти во етер нов сингл, кој е најава и за ново издание на есен, нормално ако се тече според планираното – изјави Кристина Арнаудова.

Новиот сингл, кој веќе можете да го чуете по радио станиците, се вика „Љубена“, музиката е на Алена Попова, текстот е на Кристина Арнаудова, аранжманот е на Дарко Тасев а снимана е во студиото на Кристијан Габроски.

Звукот е оној кој сте навикнале да го слушате од Арнаудова, кој се уште и после толку години не може да го смести во ниеден жанр.

Спотот за песната се планира да се сними следниот месец, но сеуште се нема никакви детали околу тоа.

Во меѓувреме снимена е уште една нова песна во студиото на Кристијан, која ќе ја чуете на есен. Крситна искрена се надева дека, по којзнае кој пат, наскоро работите ќе тргнат на подобро, па ќе почнат да се враќаат емисиите, музичките програми, и македонската продукција на медиумите, како луѓето и публиката би имале воопшто каде да не чујат и видат.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари