Ракометарите на Македонија со победа над Исланд

- Спорт
859

Ракометната репрезентација на Македонија го победи Исланд 30:25 (15:13), во третото квалификациско коло, во Групата 4 за пласман на Европското првенство. Македонија по три одиграни натпревари има две победи и еден пораз, колку шти има и Украина, додека Исланд како и Чешка има една победа и два порази.

Раул Гонзалес во само неколку дена успеа да имплементира дел од својата ракометна филозофија во играта на македонската репрезентација.

Македонија до победата ја предводеа капитенот Лазаров со 10, односно Талески со пет голови и Ристовски со 12 одбрани.

Реваншот овие два репрезентации в недела, во Рејкјавик, во 19:45 часот.

Facebook Коментари