Лев банер Десен банер

РК Струга ги започна подготовките за новата сезона

Екипата на РК Струга ги започна подготовките за новата сезона и за традиционалниот струшки турнир на кој се домаќини. Со неколку засилувања, вклучувајќи ги и поранешните македонски репрезентативци, Велко Маркоски и Златко Мојсоски, струшката екипа има сериозни амбции во супер лигата, а веќе го одржа и првиот тренинг.

Покрај  Maркоски и Мојсоски, во првиот тим на РК Струга оваа сезона ќе играат и Филип и Бобан Мечкароски, Гушкароски, Велјаноски и Симоноски.

Струшкиот турнир ќе се одржи од 16-ти до 19 -ти август на игралиштето ,,Горан Попоски-Бабец“.

Strugaonline

фото: РК Струга

error: