Концертот на Нокаут во Струга е презакажан за среда, 9-ти август

- Локални
961

Поради лошите временски услови, концертот на групата Нокаут што беше закажан за вечерва на летна сцена Сиеста е презакажан за среда, на 9 август, на истата локација.

Организаторот, продукција ,,Сцена“ информира дека истите резервации и влезници важат за новиот датум.Сите оние кои немаат можност да присуствуват на тој датум, може да ги рефундират  уплатени средства за ваучер или влезница.

,,Се гледаме во среда, на 9 август, во 21:00 часот. Ви благодариме за големото интересирање за концертот на Нокаут .“-велат од продукција ,,Сцена“.

Strugaonline

Facebook Коментари