Приведен жител на Вевчани, се сомничи дека пукал во кучиња-домашни миленици

- Локални
770

На 16.08.2023 во 20.30 часот во Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го лишија од слобода П.П.(67) од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот. Пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари