Пливачкиот и триатлон клуб ,,3Дисциплини“ со 34 освоени медали блесна на пливачкиот митинг во Охрид

Пливачкиот и триатлон клуб ,,3Дисциплини“ од Струга блесна на Пливачкиот митинг Акваспирт -Охрид и со освоени девет први места, петнаесет втори и десет трети места, по којзнае кој пат ги направи стружани горди. Со триесет и четири пиедестали, струшките пливачи од клубот ,,3Дисциплини“ покажаа дека продолжуваат да бидат вонсериски на сите натпреварувања.
Ова се постигнатите резултати кои сами по себе зборуваат за клубот што во само седум години постоење пишува нова историја во струшката пливачка традиција.
Виктор Опетчески
краул 50м
Јован Кутаноски
краул 100м
Матеј Лазороски.
краул 50м
Софија Кутаноска
краул 50м
Петар Аннастасиески
краул 50м
Хади Исмаилоски
грбно 50
Тија Кукунешоска
делфин 100
Олса Орани
краул 100 м
Дамјан Бежаноски
краул 100м
Мона Кукунешоска
прсно 50м
Бона Кукунешоска
делфин 50м
Наталија Ончева
грбно 50м
Стефан Делев
краул 100м

Честитки за Стефанија Кутаноска, Марко Шаврески за одличните трки во нивните дисциплини, но и за Алина Исмаилоска, Дарија Магдис и Бисера Кутаноска кои дебитираа со даски и 50м слободно.
Strugaonline
