Врз основа на верификација на посебната програма за Личен асистент на лица со попреченост Црвен крст на Република Северна Македонија-општинска организација Струга го распиша конкурсот за обука за Личен асистент за лица со попреченост.
,, Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Струга, кои сакаат да посетуваат обука и да сестекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 10.09.2023 до 22.09.2023 година.“-велат од Црвен крст-Струга.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р.С.Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено средно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост;
Обуката за Личен асистент за лица со попреченост е сертифицирана.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил: [email protected],
тел.046/786-014 или во просториите на оштинската организација, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот.
Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на информативен и индивидуален разговор.
Strugaonline
Facebook Коментари