Временска прогноза – облачно со врнежи од дожд

- Македонија
628

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд посебно во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер кој вдолж Повардерието ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 23 степени.  Слично време како денешното се очекува и утре, а затоплувањето ќе настапи од четврток, за во петок максималната температура да достигне до 30 степени.

Facebook Коментари