КУД „Дримкол“ Вевчани прослави 70 години постоење

- Локални
2322

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани на  7-ми мај, со концерт во Домот на културата во Вевчани одбележа 70 години организиран фолклор во Вевчани.Интересот беше голем, токму затоа беа одржани два концерта, (во 18 и во 20 и30 часот)

На програмата на свечениот концерт беа прикажани орски и вокални изведби од западна Македонија, Повардарието, од Пиринскиот и  Егејскиот дел на Македонија, а програмата започна и заврши  со Вевчански обредни орски и вокални изведби. Со програмата на сцената раководеше познатата македонска актерка Снежана Конеска-Руси, а беше прикажан и документарниот филм „70 години организиран фолклор во Вевчани“, во режија на Лидија Мојсоска.

 

Facebook Коментари