Утре во Охрид мото-дефиле на 50-тина моторциклисти членови на ИПА

- Локални
254
50-тина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, утре напладне доаѓаат во Охрид. Тие, кај Подмољје ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид. Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка” и „Македонски просветители” до градското пристаниште.
Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во Mакедонија на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие денеска пристигнаа во Скопје каде, утре ќе го одржат мото дефилето по што, утре наутро, преку Тетото, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид. Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости  и локалитети на градот.
Меѓународниот караван на пријателството во чие одржување значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, го продолжуваат кон Битола и Прилеп.

Facebook Коментари