Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

12 Берово, Попова Шапка, 13 Лазарополе, 14 Маврови Анови, 15 Битола,  Струмица,  Претор, 16 Крива Паланка, Тетово, Крушево, 17 Охрид, Гевгелија, Дебар, 18 Скопје-Петровец, Прилеп, Кавадарци, 19 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, 20 Виница, Дојран Штип, 24 Демир Капија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта од запад се прошири значително наоблачување кое утринава е се до централните делови од земјата. Дуваше и слаб претежно источен до југоисточен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови. Денес ќе дува умерен до силен југоисточен ветер најизразен вдолж Повардарието (над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

error: