Лев банер Десен банер

УХМР со најава за пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денес попладне

Под влијание на влажен бран денес попладне, во вечерните  и ноќните часови, како и во текот на утрешниот ден на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Денес ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд.

Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: